Јовица Волкановски

  • Адреса: Борис Кидриќ 77
  • Град: Ресен
  • Лице за контакт: Јовица Волкановски
  • Телефон: +38978206764
Карактеристично како за голем дел од ресенчани, така и во градината на Волкановски се одгледува по околу 200 тони јаболка годишно: ајдарет, црвен и златен делишес. Но покрај овоштарството, Волкановски одгледува и пчели за производство на пчелни производи. Во подпелистерските Макази и Претор, Волкановски го создава најбараниот плод на пчелите - медот, чист, органски и чини 500 денари за тегла. Покрај мед, познат е и како производител на лековитите прополис и восок.