1 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
2 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
3 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
4 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
5 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
6 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
7 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
8 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
9 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА

Поддршка на пазарните врски за руралното население со посебен акцент на лицата со попреченост,руралните жени и други ранливи групи

„Поддршка на пазарните врски за руралното население со посебен акцент на лицата со попреченост,руралните жени и други ранливи групи” е новиот проект кој Националната федерација на фармери започна да го реализира со поддршка на проектот„Поддршка на диверзификацијата на економските активности во рурални подрачја на Југоисточна Европа(SEDRA II)“ финансиран од BMZ и имплементиран од GIZ и SWG RRD.

Целта на проектот е да овозможи создавање на пазарни релации на руралното население, каде што ќе бидат вклучени и лицата со посебни потреби,жените и младите од руралните средини и другите ранливи групи, со цел да им се обезбедат можности за создавање нови или дополнителни работни места,како и можности за зголемување на нивните приходи.

Во рамките на проектот ќе се спроведуваат активности за развој на вештините за маркетинг,промоција и пост бербени активности, директен развој на продажни канали, организација на 3 мини саеми кои ќе бидат наменети за руралното население и директна соработка со 17 рурални општини(Зелениково, Студеничани, Гази Баба, Бутел, Пласница, Македонски Брод, Јагуновце, Чашка, Велес, Лозово, Свети Николе, Струмица, Босилово, Василево, Зрновци, Чешиново-Облешево, Гостивар)во насока да развиваат услуги кои се потребни на лицата со попречености во руралните средини и другите ранливи категории.

Овие активности се продолжение на проектот,,From Disability to FoodAbility” кој НФФ го имплементираше 2019 - 2022 со подршка на We Effect и Radiohjalpen и беше фокусиран на лицата со попречености од 17 општинисо основна цел подобрување на условите за живот преку обезбеденост со храна и подобра инклузија на локално и национално ниво.

On line платформата www.efarm.mk е дел од проектот,,Поддршка на пазарните врски за руралното население со посебен акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи ''.Преку проектот, www.efarm.mk ќе биде надоградена со нови содржини, приказни за земјоделците во насока на зголемување на продажбата и промоцијата на производите на руралното население.