1 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
2 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
3 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
4 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
5 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
6 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
7 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
8 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА
9 / 9
Е-ФАРМ ПРОДАВНИЦА

Националната федерација на фармери (НФФ) е здружение за земјоделски развој кое ги застапува земјоделците од сите региони на национално ниво и од сите земјоделски потсектори. НФФ има за цел да ги штити економските, социјалните и културните интереси и работи на подобрување на пазарните и производствените услови, во насока на одржлив развој и висок квалитет на земјоделството и руралниот развој.

Покрај земјоделството, еден од главните фокуси на организацијата е и руралниот развој односно справување со проблемите и предизвиците со кои се соочува руралното население како што е сиромаштијата и ограничените пристапи на руралното население до здравствени услуги, едукација, информација, право и моќ на одлучување.

И понатаму главен столб на дејствување е лобирањето во насока на дефинирање на проблемите од поле и со заедничка работа и анализа ќе се презентираат пред надлежните институции за наоѓање на зедничко решение, кое е во интерес на земјоделците и  благосостојбата на целата наша држава.

Мисијата:  ОРГАНИЗИРАН ФАРМЕР ЛИДЕР ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ НА РМ.

Визијата: ПРОФИТАБИЛНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – СТАБИЛНО СЕЛО

Воспоставен систем за лобирање и застапување каде што посебен акцент е ставен на решавањето на проблемот со пласманот и развојот на руралните средини. И понатаму ние како модел за овој проблем ги гледаме кооперативите и економските форми на здружување на земјоделците. Земјоделските задруги се единствена форма која и во теорија и во пракса промовира пазарна демократија и функционирање на основите правила на понуда и побарувачка, кои се неопходни во земјоделството.

Прилагодување на земјоделството врз новата клима, на оваа проблематика заеднички работиме со државните институции во градење на стратегија и инвестиции во нови технологии.

Нашата присутност и понатаму ќе биде застапена во креирањето на стратегиите за земјоделство, директните финансиски поддршки, ИПАРД програмата, окрупнувањето и на производството и на земјоделското земјиште.

Повеќе информации може да прочитате на www.nff.org.mk