Славица Божинова

  • Адреса: Ленинова 13 – 1/8
  • Град: Ресен
  • Лице за контакт: Славица Божинова
  • Телефон: +38970 399 552
Во еколошки чистата околина на Горно Дупени се наоѓаат нивите на Божинова, на кои вредните нејзини раце и на семејството, одгледуваат и произведуваат 70-80 тони јаболка годишно. Имаат чадел, гала, ајдарет, муци, црвен и златен делишес...Вообичаено, производството е традиционално, а додека пак останатите овошки - од кои прави слатка, џемови, сокови, компоти и друго – се органски, домашни производи. Последните се достапни во поширок избор, има од цреши, вишни, и други овошја.