Руменка Димовска
- Адреса: с. Арвати
- Град: Ресен
- Лице за контакт: Руменка Димовска
- Телефон: +38975252204
- Facebook
На околу 1000 метри надморска височина, во пазувите на Баба планина се наоѓа преспанското село Арвати, каде жените произведуваат и подготвуваат различни овошни производи, набрани во недопрената природа на планината. Секаков вид на домашни слатка од дива цреша, шипинки, смоква, прават домаќинките од тука, Руменка е една од нив, а освен набројаните, таа подготвува мармалади, ликери, чаеви од планинско оригано, и секакви други лековити билки. И во камен да посадиш ќе никне – е старата народна за производството на јаболко во ресенско. И Руменка прави производи од јаболка (вклучително и печиво со јаболка), но прави и сокови од дуња и автохтони боровинки. Жените од Арвати прават и ѓомлезе, баклава, ликери со вишна, но и ракија од дренки, зелени ореви, дуња, а прават и секаков тип на зимница. Од нив може да си набавите сушени печурки вргањ, но и во прав, потоа креми за раце од невен, кокосово масло и восок, како и кантарионово масло со восок.
×
×
×