Ивица Цимбаљевиќ

Цимбаљевиќ е еден од најпознатите пчелари и производители на мед во регионот на Кочани. Неговите пчеларници се наоѓаат во селото Грдовци, покрај реката Брегалница. Тој произведува претежно ливаден мед, по 400 денари за тегла, заверен од соодветните институции, а неговиот примерок е во согласност со Правилникот за стандарди и начин на пакување на пчелни производи. Цимбаљевиќ произведува и опрема за пчеларство, рамки, тела… Од другите пчелни производи, за кои има голем интерес, тој произведува прополис, матичен млеч, перга, полен и восок.